Во престрелката што ноќеска околу полноќ се случила пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог во Војводина, убиени се две млади момчиња, а во полициска акција уапсени се четри лица.

Според српските медиуми во престрелката што се случила ноќеска убиен е Н.Ш. (19), а денес починал уште еден млад човек М.М. (20) кој бил ранет.

Д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, изјави дека првиот повик бил примен 17 минути по полноќ во полиција, а потоа 51 минута подоцна следел вториот повик, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште едно младо момче без свест.

Полициските сили се засилени на сите излези и влезови во градот.