Над 60 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во округот Телеорман во јужна Романија. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција, пренесува Аџерпрес.
Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару. Досега во болница се пренесени четири лица.
На терен се оперативни екипи со две противпожарни возила, две камиони, осум екипи на Мобилната служба за итни случаи за реанимација и вадење луѓе (СМУРД) и 14 возила на брза помош. За поддршка на силите се побарани два хеликоптери СМУРД.