Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во раните утрински часови во близина на Грахово, загинаа две лица – мајка и малолетно дете.

Во близина на Грахово кај Никшиќ во Црна Гора, рано утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица – мајка и дете од Србија.

На самото место загинаа државјани на Србија – жена (33) и нејзиното бебе родено во 2024 година, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на ОКЦ, пренесува РТЦГ.

Во возилото со српски регистарски таблички се наоѓал брачен пар со малолетно дете.

Несреќата се случила утрово околу пет часот на патот Никшиќ – Рисан, во градот Грахово.

Како што за порталот RTNK изјавија од противпожарната и спасувачка единица на Никшиќ, возилото паднало во клисура покрај патот, при што загинале мајката и детето.

Екипа на пожарникари-спасувачи од Никшиќ извлекла тешко повреден маж од возилото и го предала на екипата на Брза помош од Никшиќ.