Во бањалучкиот ресторан „Стара Ада“ дошло до пукање, а според непотврдени информации има еден загинат, пренесува Српскаинфо.

Според неофицијални информации убиен е Дејан Костиќ – Дела.

Дејан Костиќ од Бања Лука стана познат на јавноста откако малтретираше келнер, а снимката стана достапна за јавноста.

Тој е осуден на парична казна од 9.000 КМ за кривично дело злоупотреба, тортура и друго нехумано и понижувачко однесување.

Костиќ претходно се претставуваше како водач на навивачи на ФК Борац.