Министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ, кој утрово учествуваше во сообраќајната несреќа кај Винковци во која загина едно лице, поради сериозноста на повредите ќе биде префрлен во КБЦ Осиек, потврдија од болницата во Винковци каде Баножиќ е хоспитализиран по сообраќајната несреќа.

Објавени се и првите фотографии од местото на несреќата во која учествуваше Марио Баножиќ. Предниот дел од комбето чиј возач загина бил смачкан, додека автомобилот со кој управувал Баножиќ бил превртен на страна.