Двајца починати и тројца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Росоман – Прилеп во близина на Камен дол.

Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на итната медицинска помош Кавадарци ни потврди д-р Ратко Грков, началник на брзата помош.

„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во клиничкиот центар“ информира д-р Грков.

Поради сериозното оштетување на возилата во извлекување на повредените интервенирала и противпожарната единица од Кавадарци.

ПОВРЗАНА ВЕСТ: Меѓу загинатите е и познат бизнисмен од Прилеп?