Според неофицијални информации од терен, Mitsubishi со унгарски ознаки се движел во правец на Загреб од југ. Пред тунелот Св. Марко изгубил контрола над возилото и отишол преку насипот во правец на автопатот кон југ. Дошло до директен судир со автомобил Алфа Ромео со ознаки од Риека.

Според неофицијални информации од терен, теренецот Mitsubishi најверојатно превезувал мигранти бидејќи во возилото со седум седишта (5+2) имало дури 12 лица, односно возачот и 11 патници. По страотниот удар сите испаднале од возилото. Возачот починал на лице место, а сопатниците се повредени.

Другите двајца загинати се сопружниц кои биле во возилото Алфа Ромео со риечки регистарски таблички. Детето кое било со нив во автомобилот наводно било повредено. Уште две возила кои се движеле кон југ налетале на остатоци од судирот, но без поголеми последици.

– Сцената на местото на настанот беше ужасна. Делови од автомобили се расфрлани насекаде. Официјални информации за оваа сообраќајка полицијата ќе соопшти по увидот и истрагата, објавија хрватските медиуми.