Во надлежност на Окружното јавно обвинителство вечерва се предадени жената и мажот чии иницијали се А.К и Д.Л., кои се осомничени за кривично дело тешко убиство на мажот Саша К. од Добој.

Началникот на полициската управа, Слободан Радинковиќ, на денешната вонредна прес-конференција рече дека како мотив за убиството се наведува љубовната врска меѓу А.К.(33) и мажот Д.Л.(19), но дека истрагата ќе утврди дали има личен интерес и други причини, пишува Срна.

Полицијата вчера околу 13 часот го пронашла неговото тело кое било врзано за дрво. Устата и носот му биле залепени со селотејп, пишува Српскаинфо. Еден од осомничените за свирепото убиство во Добој е Д.Л.(19) од овој град.

Тој заедно со А.К.(33), сопругата на жртвата, неколку дена претходно изнајмил автомобили во агенција за изнајмување во Бања Лука и Добој и детално го испланирале делото.

Слободан Радинковиќ, началник на полициската управа Добој, на денешната прес-конференција откри дека жртвата на кобниот ден најпрво била отруена со дрога, а потоа во текот на ноќта во куќата упаднале сопругата на жртвата и нејзиниот соучесник.

– Жртвата најпрво го удрил Л.Д. по што го врзале и го ставиле во автомобил, по што се упатиле кон излетничкото место. Напред во првиот автомобил бил Л.Д. а сопругата на Саша возела зад него во автомобилот во кој бил врзан оштетениот – откри Радинковиќ.

Убиениот Саша К.

По пристигнувањето на излетничкото место, А.К. го отворила гепекот и со нож го прободела нејзиниот сопруг во стомакот, а потоа го врзале за дрво. Соговорниците за Српскаинфо ги открија грозоморните детали од ова невидено злосторство.

-Беше гол, врзан, со отворен стомак – ги откри шокантните детали на соговорникот. За рекордно време е разрешено тешко убиство, а на убијците им се заканува доживотен затвор.

Велат дека Саша имал четири деца, две со првата жена, а две со втората, која го му пресудила.

– Овие две девојчиња што ги имал со жената која на крајот му пресудила одат во основно училиште – велат соседи од населбата Видиковац во Добој.

Слободан Радинковиќ, началник на полициската управа Добој, изјави дека се работи за монструозно убиство, чиј мотив била љубовната врска помеѓу сопругата на убиениот и нејзиниот соучесник.

Ќерката на социјалните мрежи објави нивни заеднички слики и бројни пораки за тоа како ќе и недостига.