Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утрово на автопатот А3 во Хрватска. Полицијата извести дека загинале две лица, јавуваат хрватските медиуми.

– Околу 07:15 часот на А3, помеѓу Новска и Окучани, се судриле камион и патничко возило. Две лица загинаа. Поради увид, затворен е дел од автопатот, а сообраќајот се пренасочува на заобиколен пат – соопштија од полицијата.

– Изгледаше страшно. Таму имаше многу, многу полиција, дури поставија и шатор. Направена е огромна колона, а полицијата ги пренасочува возилата кон Новска – вели читател за 24sata.hr кој возел во правец кон Загреб.

ХАК јавува дека поради сообраќајна незгода е затворена делницата од автопатот А3 Брегана-Липовац меѓу клучките Новска и Окучани, во правец кон Липовац.

– Според неофицијални информации загинале маж и жена од патничкиот автомобил, објавија медиумите.