Македонија во Вараждин ќе ги игра натпреварите од првата фаза на Светското првенство (СП), а првиот испит е селекцијата на Унгарија која важи за главен фаворит во групата.
Повеќе од 1.500 Македонци се упатија кон хрватскиот град за да ги бодрат ракометарите. Салата веќе се полни и е обоена во црвено-жолто, сите се спремни во еден глас да навиваат за Македонија.
Дуелот меѓу Македонија и Унгарија во Вараждин стартува од 20:30 часот.