Фабриката за млечни производи Хит-73 во Камењане, попладнево ја зафати голем пожар, јавува ТВ21.
Пожарот ја „голта“ фабриката, голем чад се издига над селото, а граѓаните само немоќно гледаат додека чекаат протипожарно возило да реагира.
Голем густ црн чад се надвиснува над Општина Боговиење откако доцна попладнево избувна пожар во фабриката за производство и пакување на млеко и млечни производи во село Камењане. Се работи за млекарата „Хит 73“ оддалечена на околу 10 километри од центарот на Тетово.
Видеата и фотографиите некои од нив снимани и фотографирани на воздушна линија од околу 8 километри од Тетово говорат за силината на пожарот кој според првичните информации зафатил голем дел од погоните на овој производствен погон.
На терен засега гасат екипи од ТППЕ Тетово.