Едно лице загинало во тешкиот судир што утрово се случил на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија, пред кривината кон Марадик, објави Блиц.рс.
Првата снимка од местото на настанот веќе кружи на социјалните мрежи и таа е морничава. Како што можете да видите, патничкиот автобус се превртел во ендек, а делови од возилото се расфрлани по коловозот.
Патничкиот автомобил, чиј возач го загуби животот, од силината на ударот завршил во ендек од другата страна на патот и целосно бил згмечен.
Како што дознава „Блиц“, помош побарале десетици патници, од кои четворица се здобиле со тешки телесни повреди.
-Околу 7 часот и 30 минути на патот меѓу Инџија и Нови Сад, кај Инџија, во сообраќајката учествувале автобус и патничко возило – се вели во соопштението на СВР Сремска Митровица.