Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди југозападна Турција во близина на градовите Малатија и Газиантеп, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар ((EMSC).

Од видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа како граѓаните во паника ги напуштаат своите домови и излегуваат на улиците.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Малатија, на длабочина од 11 километри и е почувствуван и во Сирија.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.