Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Од СВР Тетово информираат дека во тек е увид на местото на несреќата и сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта.
– Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската Болница. Заради увидот и утврдување на причините кои довеле до несреќата сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин од 21:20 часот, изјави за МИА, портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Според првичните информации, несреќата се случила пред влез на три километри пред Гостивар во близина на неколку угостителски објекти.
ТВ 21 објави дека двете лица загинале при судир на автомобил БМВ со камион.