Министерството за внатрешни работи на Мароко утринава соопшти дека најмалку 632 лица загинале во провинциите во близина на епицентарот на земјотресот.
Соопштено е дека најмногу штети и смртни случаи има во тешко достапните планински области, а најмалку 153 лица се повредени и пренесени на лекување во болници. Земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се случи во планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а потресите траеле неколку секунди.
Американската агенција извести за последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала 19 минути подоцна. Епицентарот на земјотресот во петокот бил во близина на градот Игил во провинцијата Ал Хоуз, на околу 70 километри јужно од Маракеш.
Prayer for Morocco 🇲🇦 #earthquake #Marocco #G20India2023 #Jawan #BharatMandapam #JawanBlockBuster #TejRan #ChandrababuNaidu #HappyBirthdayAkshayKumar pic.twitter.com/7io3acRfHJ
— . (@M4Ak43) September 9, 2023
УСГС соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 18 километри под површината на Земјата, додека сеизмичката агенција на Мароко проценила дека епицентарот бил на длабочина од 8 километри. Во двата случаи, ваквите плитки земјотреси се поопасни.
Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.
#BREAKING #Marocco Many citizens of Marrakesh, Morocco found themselves on the streets after the devastating earthquake. pic.twitter.com/JbEqbuubvo
— The National Independent (@NationalIndNews) September 9, 2023
Според државната телевизија Ал Аула, земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од 12 век.
Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и станбени згради откако Националниот институт за геофизика во земјата предупреди за последователни потреси.
pray for marocco 🇲🇦🙏earthquakes in marocco innalillahi disana gempa pic.twitter.com/vVzpfNAgE0
— juan (@asahasuhasih) September 9, 2023
Министерството за внатрешни работи на Мароко денеска го повика населението да остане смирено и „да не паничи“.
Во обраќањето за државните медиуми, Рашид Ал-Калфи, претставник на Министерството, рече дека владата веќе ги активирала сите расположливи ресурси за да ги санира последиците од оваа трагедија.
La scossa di magnitudo 6.8 nella scala Richter, ha scosso l'intero paese, con echi anche nelle nazioni confinanti, fino in Mauritania, Algeria, Gibilterra e perfino in Portogallo. Almeno 300 morti.#Terremoto #Marocco #Morocco #morocoearthquake #earthquake pic.twitter.com/jqQKgKOjPz
— Davide Scifo (@strange_days_82) September 9, 2023
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, на околу 350 километри северно од планинскиот венец Висок Атлас, и до Португалија и Алжир, соопштија португалските и алжирските агенции за итни случаи.
🔴BREAKING#MAROCCO #TERREMOTO
7° RICHTER, devastante
Epicentro a 70 km. da #marrakech, 300 i morti al momento. pic.twitter.com/ezmCFDvZ4K— GaLucio (@galluzzilucio) September 9, 2023
6.8 magnitude earthquake hits marocco,
Horrifying visuals are coming from there…300+ dead 😭😭
200+ injured#moroccoearthquake#morocco #earthquake— अंकित/Ankit💫 (@ankitto_x) September 9, 2023