Пожар во угостителскиот објект „Рагуза” кој што се наоѓа на врвот на катната гаража „26 јули“, односно поранешна „Македонска фаланга“, во центарот на Скопје.
Пожарот избувнал додека во објектот се одржувала свадба, а според првичните информации се запалил агрегат.
Пожарникарите интервенираат со неколку возила, но пламените јазици сè уште се видливи.
Не е познато дали и колку е оштетен ресторанот и дали пожарот се заканува да ги зафати и другите катови каде што има паркирани возила.
На приземјето на гаражата е сместен и супермаркет „Тинекс“.
Во моментот на несреќата во ресторанот имало свадба. На видеоснимките се гледа како брзо авотмобили ја напуштаат катната гаража „26 јули“.
Со брза реакција на противпожарните служби вечерва изгаснат е пожарот на катната гаража во центарот на Скопје, кај што се наоѓа ресторанот Рагуза.
Улицата пред катната гаража сè уште блокирана. Најверојатно нема повредени, бидејќи како што велат жителите кои сè уште се на улицата, имало две возила на Итната помош, кои си заминале откако е изгаснат пожарот.