Монструмот Нермин Сулејмановиќ го испукал првиот куршум на периферијата на Градачац кон Недим Памуковиќ, братучед од тетка по мајка на несреќната Низама Хечимовиќ. Сулејмановиќ дошол да ја земе Низама од кај нејзините тетка и братучед, каде што таа се криела од него откако последниот пат брутално ја претепал издрогиран, пишува Република, пренесува Српскаинфо.
– Низа (Низама) беше кревка жена која ја мачеше и таа побегна кај нејзината тетка со бебето. Вчера околу 11 часот дошол на вратата на Памуковиќ и ја побарал Низа. Кога излегла тој и рекол да оди со него, но таа се спротивставила. Почнал да ја тепа и да ја влече, а нејзиниот братучед дошол на заштита. Кога видел дека будалата има пиштол, истрчал до дворот, а тој го застрелал во бутот и ја одвлекол Низа во автомобилот, по што ја однел во викендицата, каде што ја убил кутрата – раскажала сосетка на Памуковиќ.
Во нивната куќа немало никој, бидејќи мајката отишла во болница да го види ранетиот син Недим. Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хечимовиќ, веќе бил пријавен во полиција за семејно насилство.
Ја убил сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежела во локва крв и плачела. Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео кое сега е избришано, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плаши за себе и за детето.