Младиот Џузепе Р. (23), починал во болница во Бари, Италија, откако бил каснат од кафеав медитерански пајак, таканаречен самотник пајак. Тоа е втор смртен случај од каснување од пајак за само неколку недели.

Италијанецот на 13 јули бил каснат од пајак додека работел и прво мислел дека е каснување од комарец. Но, потоа почувствувал болка во градите, која се влошила, а на ногата му се формирал апсцес, што довело до некроза.

Следел септичен шок

Неговата здравствена состојба се влошила, по што бил префрлен во клиника во градот Лече.

Но неговата состојба се влошувала и се влошувала, поради што бил префрлен во Бари, каде што починал од септичен шок и откажување на повеќе органи.

Ова не е единствениот случај

Во јули, 52-годишен полицаец почина на Сицилија откако го касна пајак од истиот вид.

Маж (48) почина неодамна во Грција откако бил каснат од отровен пајак на Пелопонез.

И турист почина откако смртоносен отровен пајак го каснал за нога додека седел на стол во ресторан во Бразил.

Самотник пајак

Кафеавиот медитерански самотник е особено познат по своето отровно каснување, кое може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Нема противотров, а дејството на отровот е многу брзо. Овие пајаци се обично кафеави по боја и имаат карактеристичен белег како виолина на грбот. Тие имаат шест очи распоредени во три пара.