Голема драма се случи синоќа во близина на трговскиот центар Меркур во сараевската населба Отока, кога едно лице загина.

– Синоќа околу 23:35 часот на раскрсницата од улица VII Трансферзалa – Булевар Меша Селимовиќ е употребено огнено оружје, при што од здобиените повреди починало машко лице, родено 2005 година.

Полициските службеници, под надзор на обвинителот на КТКС, работат на расветлување на сите околности под кои е извршено кривичното дело Убиство (член 166 од Кривичниот законик на ФБиХ), изјави за „Аваз“ портпаролката на МУП на КС, Мерсиха Новалиќ.

Како што се дознава, истрелите биле испукани од возило во движење.

– Во текот на ноќта добивме неколку пријави од читатели кои велат дека се работи за пукање и дека во возилото имало неколку лица, од кои најмалку едно е убиено, објавија медиумите.