Познатата атлетичарка Ивана Шпановиќ се разведува од долгогодишниот емотивен партнер, фитнес инструкторот Марко Вулета, за кого се омажи пред нешто повеќе од две години.
Ивана на социјалните мрежи се врати на своето моминско презиме Шпановиќ, додека нивните неодамнешни заеднички фотографии се избришани од нивните профили на социјалните мрежи.
Веста изненади многумина, бидејќи тие секогаш важеа за еден од најхармоничните познати парови во соседството.