Дописниците на странските медиуми јавуваат дека во центарот на Киев се слушнале истрели.

– Звукот на црковните ѕвона беше прекинат од пукотници и експлозии – јавува дописникот на Индепендент.

– Единиците на Оперативна команда на Украина уништија 20 руски тенкови во Черниговската област. Единиците, исто така, уништија руска колона со возила што се движеше по Чернигив, при што беа уништени 10-15 возила, објавено е на Телеграм каналот на украинската Врховна Рада.