Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека претседателот Владимир Путин, понекогаш на шега, прашува дали некаде е објавено точното време кога ќе почне војната, бидејќи, како што вели, е невозможно да се разбере информативното лудило што се случува.
Песков го сподели ова како одговор на прашање на новинар за ставот на Путин кон фактот дека Западот повремено објавува датуми за почеток на, како што се вели, „руската инвазија“ на Украина, пренесува агенцијата РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ рече дека „Путин понекогаш дури се шегува додека чита извештаи за датум за наводен руски напад, бидејќи е невозможно кон тоа да се однесува со разбирање.
„Политико“, претходно повикувајќи се на разузнувачки извори, наведе дека претседателот на САД, Џо Бајден на видео-конференција со лидерите на западните земји, на Европската Унија и на НАТО го навел 16 февруари како датум за наводна инвазија на Русија врз Украина.