Работникот Б.В. (57) загинал утринава околу 8 часот кога се обидел да го поправи лифтот во зграда во Белград на улицата „Булевар Војвода Мишиќ“.
Полицијата и итната помош излегле на лице место кога било пријавено дека едно лице е заглавено меѓу 5-ти и 6-ти кат од зградата, а како што е потврдено за српските медиуми, станувало збор за работник кој се обидел да поправи дефект во лифтот. За жал, итната помош можела само да констатира смрт.
-Тоа е обичен лифт, има влезна врата, но онаа внатрешна со сензор нема. Во тој лифт има прекинувач кој мора да се стисне при поправка, па работникот е должен да го исклучи лифтот на тој прекинувач за да не го повика никој лифтот во меѓувреме, за да не тргне лифтот. Човекот кој загинал најверојатно заборавил да го исклучи прекинувачот, отишол да ја отвори вратата, во меѓувреме некој го повикал лифтот, а бидејќи лифтот е брз, тој останал на половина пат надвор од лифтот и така човекот починал, преполовен – изјави очевидец за Телеграф .рс.
-Според првичните информации, работникот бил приклештен меѓу два ката. Се здоби со повреда на главата – вели изворот. Полицијата изврши увид на лице место и по сите анализи ќе се знаат сите детали за несреќата.