Рада Манојловиќ често истакнува дека е голем поддржувач на природниот изглед и дека нема намера да направи каква било естетска интервенција.
-Дури и кога ќе се соблечам, имам што да покажам, рече Рада, а на прашањето зошто не става силикони, како што ја убедуваа многу колеги, пејачката вели дека не е приврзаник на тоа засега.
-Тие многу се грижат за мене. Само се шегувам. Убавината е во окото на набљудувачот. Кога гледате во некого, гледате што би промениле кај него. Но, јас сум си добра самата на себе. Силиконите би го нарушиле ова совршенство. Јас би го расипала тоа што веќе ми е дадено. Ако почне нешто да виси, да паѓа, тогаш ќе го поправиме. Не сега, вели пејачката.
Со години, Рада е во среќна врска со нејзиниот колега Харис Берковиќ, кој често знае да објавува фотографии на кои го покажува своето извајано тело на социјалната мрежа Инстаграм.
Сепак, ваквите објави не и пречат на пејачката.
-Воопшто не. Мора да го видите тој раскош. Зошто да не. Тој има што да покаже, изјави Рада за Пинк М.