Убави вести доаѓаат од Истанбул, Турција. Елена Маџова (24) од Свети Николе почнала да се буди од кома. Радосната вест за ММС ја потврди нејзиниот татко, Ристе Маџов, кој постојано е во контакт со неговата сопруга, која ја се грижи за Елена.

-Сопругата ми се јави и ми кажа дека почнала полека да се буди. Минатата среда Елена е пренесена во Турција и во четвртокот веднаш и е направена операцијата. Лекарите ни рекоа дека за неколку дена таа ќе почне да се буди. И така и се случува, вели Маџов за ММС.

Елена лекувањето го продолжува во Турција, откако хуманите граѓани од нејзиниот град организираа низа акции, а беа отворени и телефонски броеви за донации и жиро сметка.