Хрватскиот ракометар Денис Тот (27) е во кома по повредите во ноќниот клуб „Привилиџ“ и се наоѓа во скопската болница каде веќе пристигнале неговите родител, објави хрватскиот весник „Вечерњи“.

Оваа информација за весникот ја потврди неговиот брат Борис, ракометен голман кој настапува во Холандија. Секако, тие се во шок и чекаат повеќе детали за овој ужасен случај.

– Ќе биде тешко да се дознаат деталите, ако им веруваме на неофицијалните информации што ги бараме, пишува весникот.

Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките, како што тврди „Вечерњи“ се избришани.

– Некој знае што прави, изјави за хрватскиот медиум извор близок до настанот, чии податоци и се познати на редакцијата.

Ракометарот од Ѓаково игра за скопски Бутел, а застрашувачкиот чин се случил ноќта среда кон четврток. Полицијата се уште нема споделени информации во јавноста, а од неговиот клуб потврдија дека е во тешка состојба и дека во раните утрински часови бил примен во болница.

– Има бројни скршеници и тешки повреди, настанати со удирање со тапи предмети, тупаници и нозе по целото тело – велат од Бутел.

Денис пред Бутел ги носеше и дресовите на Охрид, Бјеловар, Пореч, шпански Адемар Леон и австриски Брук.