МРТ ќе ги емитува натпреварите на македонската репрезентација на претстојниот Мундијал во Хрватска, Данска и Норвешка.

Оваа информација денеска ја пренесе порталот 24ракомет, што е одлична вест за сите љубители на ракометот. Натпреварите на Мкаедонија, но и други одбрани од првенството ќе бидат достапни со коментар на македонски јазик.

Мундијалот почнува на 14 јануари, а првиот натпревар на избраниците на Кирил Лазаров е ден подоцна против Унгарија. Македонските ракометари натпреварите од групата Д ќе ги играат во хрватскиот град Вараждин.

Распоред на Македонија:

15 јануари, 20:30 ч.
Унгарија – Македонија

17 јануари, 18:00 ч.
Холандија – Македонија

19 јануари, 18:00 ч.
Македонија – Гвинеја

Останува МРТ да објави програма за гледачите да знаат кои останати натпревари ќе одат во директен пренос, како и тоа кои од нив ќе бидат на спортскиот канал МРТ3.