Романскиот тим Валчеа денеска објави трагична вест за смртта на украинската репрезентативка Ирина Глибко.
Глибко имаше само 34 години и според романските медиуми ја загуби битката со канцерот, иако досега немаше информации дека таа боледува од оваа болест.
„Загубата на Глибко остава голема празнина во нашите срца, но и во ракометната заедница. Нашите мисли се со нејзиното семејство и блиските низ овие тешки моменти. Ирина, засекогаш ќе останеш во нашите срца“, напишаа од Валчеа на социјалните мрежи.
Глибко играше за Галичанка Лвов, Запорожје и Податкова во татковината, пред во 2012 година да се пресели во Романија, каде настапуваше за Данубиус Галаци, ЧСМ Букурешт, Роман и цели седум сезони во Валчеа.