Шесткратниот олимписки шампион Крис Хој објави дека боледува од рак на простата во терминална фаза и му остануваат уште помеѓу две до четири години живот.
Легендарниот Шкот во февруари откри дека боледува од рак, а сега во интервју за „Сандеј Тајмс“ изјави дека болеста се проширила и на коските и дека не може да ја победи, како и дека тоа го знае веќе една година.
Хој освои шест олимписки злата помеѓу 2004 и 2012 година по што е втор најтрофеен Британец зад Џејсон Кени кој има шест. Од велосипедизимот се повлече во 2013 година и работеше како стручен коментатор за „Би-Би-Си“.
„Колку и да изгледа неприродно, тоа е приордно. Сите сме родени и сите ќе умреме, сето тоа е дел од процесот. Само треба да се потсетиме себе дека сме среќни за постоењето на лекови кои можеме да ги конзумираме за да го одложиме тоа колку што е можно“, изјави Хој.
Хој исто така откри и дека неговата сопруга Сара боледува од неизлечива болест и дека најтешко му паднало снимањето на ауди верзија на својот мемоар бидејќи знае дека тоа ќе го слушаат неговите деца кога него повеќе ќе го нема.