Долгогодишната пријателка и стилистка на Цеца Ражнатовиќ, Гога Грубјешиќ за време на синоќешното гостување откри како настанал хитот на Цеца „Фатална љубов“.

Иако поминаа 27 години од објавувањето на оваа песна, сепак се смета за песна без која не може да помине ниту една прослава, но никој не знае како всушност настанала оваа песна.

Гога откри дека оваа песна е посветена на неа.

– Поврзано со фаталната љубов, таа песна и целиот албум го носи името на една моја емотивна ситуација. Во тоа време бев фатално заљубен во еден маж. Цеца, Марина и јас постојано бевме кај Марина. Се смеевме, раскажувавме ситуации, а секоја наша ситуација беше инспирација за песните на Марина Туцаковиќ. Така Марина ја напиша „Фатална љубов“, поради мојата емотивна ситуација бидејќи реков „го сакам и кога е во Њујорк и Париз, блиску ми е“ и така настана таа песна – откри Гога.