Разведените луѓе кои повторно стапуваат во брак треба да се воздржат од секс во нивните нови бракови и да живеат со своите нови партнери „како брат и сестра“.

Ова е еднa од насоките за „сексуална пристојност“ што им ги дава на верниците во неговата надбискупија надбискупот од Филаделфија, Чарлс Чапут, инаку познат по своите многу конзервативни ставови, пишува Индепендент.

Во брак како „брат и сестра“

Неговите упатства беа објавени на веб-страницата на надбискупијата. Чапут смета дека разведените лица со нови брачни партнери треба да развиваат врска како брат и сестра, а не како маж и жена, бидејќи само така можат да ја примат светата тајна на покајанието, односно исповед.

Архиепископот Чапут во своите „насоки“ истакнува дека „можно е да се совладаш себеси“ и дека воздржувањето од физичко искушение е „силен елемент на духовна подготовка за траен заеднички живот“.