Младата српска пејачка Анастасија Ражнатовиќ поради замор морала да го откаже закажаниот настап во Есен, Германија.

Популарната Таса во попладневните часови пристигнала на закажаниот настап во придружба на својот осумчлен тим и сите очекувале дека вечерта ќе биде одлична, како пред десетина дена во Париз кога се одржа првиот настап на Анастасија.

Меѓутоа, додека се подготвувала за настапот, на Анастасија и се слошило, наеднаш се онесвестила, што довело до тоа дека е на работ на колапс. Во локалот брзо пристигнала и медицинска екипа и Анастасија добила инфузија и препорака за задолжителен одмор.

Поради проблемите со заморот ќерката на Цеца морала да го откаже настапот. По прегледот и примената инфузија и било наложено да одмори, па поради тоа не се појавила на сцената.

– Сега се чувствувам физички добро, а верувам дека наскоро ќе бидам одлично! За сите што синоќа беа во публика, имам лично извинување што не се дружев, но тоа ќе го поправам наскоро со нов термин за концертот во Есен! Ви благодариме за разбирањето и поддршката, напишала Таса на социјалните мрежи.

📷