Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4947 денари, а на американскиот долар 59.6746 денари.
Средниот курс на британската фунта изнесува 73.3757 денари.
На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна, што го поставува на патот од остварување добивка шеста седмица по ред.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,14 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 109,05 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,30 на 158,35 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0295 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0310 долари.