Вечерва многу редок феномен во многу делови од регионот, Словенија, Србија и Бугарија – Може да се види поларната светлина.

Оваа појава е забележана на небото и на Хрватска. Аурора бореалис можеше да се види од различни делови на земјата, од Загорје до Далмација.

„Сцената е нереална“, вели фотографот Рикард Јадан, кој ја снимил поларната светлина над Бедековчин.

Оваа игра на светлината се случува кога електроните, како производ на сончевата бура, се судираат со голема брзина со магнетното поле на Земјата. Овој природен феномен отсекогаш ги фасцинирал луѓето, но помалку е познато како оваа појава произведува звук кој многумина го опишаа како морничав.