Појаснување од Регулаторната комисија за енергетика.

Денеска ги донеле измените во правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт со кои се овозможува РКЕ да носи одлуки доколку берзанските цени имаат значителни промени.

Измените се донесени со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. Измените во правилникот ќе стапат во сила следниот ден штом бидат објавени во службен весник.

Во моментов, во сила е се уште правилникот по кој се одредуваат цени за седумдневен период, што значи дека денес РКЕ нема да донесе нова одлука за цените на нафтените деривати.