Роберт Милевски, нашинец кој работи во странство, излезе со жестока критика за Раде Врчаковски Врчак, кој деновиве е актуелен со објави за прерано загинатиот пејач во несреќата во Кочани, Андреј.

„Добро бе аман! Знаеме! Ти и Андреј! Аман веќе! Секој десетти пост ти е за тебе и ти и Андреј, а до вчера не знаев ни дека постоиш! Колку пари бре имаш фукнато да се рекламираш преку твојот умрен пријател за да ми излегуваш по пет пати на ден на Фејсбук, а?

Инаку гледам колку ти е жал, па па па! Бате, во трагедијата не загина само Андреј! Загинаа уште 62 лица! За нив не гледам некакво сочувство да изрази! Една буква немаш напишано бе бруко една, дури и за ти и Андреј пишуваш после 20 дена! Или тие не се доволно славни за реклама!?
п.с.. Инаку не си сам, да знаеш! Имаше еден куп од македонска естрада што сочувствуваа само со Андреј, ама ни збор за другите 62 жртви. Веројатно така е прудентно. Ама тогаш не сакав ништо да пишувам заради почит кон семејствата на жртвите, ама ти искрено ми прекурчи на фидов со жалопојките. Ајт таму“, пишува Милевски на фејсбук.

Претходно, како што пишуваше и Женски Магазин, Врчак објави нова емотивна порака за Андреј.

Loading...

„Јас и Андреј (на првиот мој настап 2025). Да е вечен низ бесконечноста Андреј…. Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велат ДНК кога имале настапи сите луѓе цело време ме барале – дури и со солзи и плачења. Јас им велев да завршам со се за во Америка и може нешто да направиме. Не можев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со ДНК во Охрид, не можев да ги одбијам и за новогодишната прослава, и не можев како другар да ги одбијам за затварање на Станица 26 каде Панчо работел (велам не ме ставајте во реклама да не случајно стане ептен хаос и доаѓам)… тоа беа моите последни настапи со Aндреј. Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…“ – напиша Врчак.

Loading...