Манчестер Јунајтед пак не успеа да победи, Кристијано Роналдо пак не успеа да погоди… две работи кои им го направија денот ужасен на фановите на клубот од Олд Трафорд.
Португалецот на очаен начин ја почна 2022 година, уште не постигнал ни гол, ни асистенција, а неговата катастрофална форма се одразува и на резултатите на тимот. Нервозата кај него е очигледна, а ја потврди и денеска, за време на дуелот против Саутемптон.
Камерите го фатија Роналдо како во еден момент го плука својот соиграч Ентони Еланга, трагичарот од куп-дуелот против Мидлсброу минатата недела.
Со оглед на силината на плунката, се чини дека тоа беше намерно, но нејасно е која беше намерата на португалскиот ас да направи такво нешто.
Did Ronaldo spit on Elanga? pic.twitter.com/SWab01mcK6
— Sammy⚒️ (@Sammywhu_) February 12, 2022