Фудбалерот Кристијано Роналдо викендов го прослави својот 37 роденден. Неговата партнерка Георгина Родригез му посвети емотивна честитка на Инстаграм.

„Среќни 37 години, љубов на мојот живот. Те сакам бескрајно. Најдобриот татко и најдобриот животен сопатник што Бог можеше да ни го даде. Ти си борец и си одговорен за сето добро што ти се случува. Ти си совршенство и инспирација “, напишала Георгина.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Заедно со емотивната честитка, таа објавила видео на кое покажува што му подарила на Роналдо за роденден. Станува збор за Cadillac Escalade со осум седишта.

Автомобилот бил паркиран пред нивниот дом во Чешир. Мирор пишува дека овој автомобил чини околу 150.000 фунти (околу 177.000 евра).