Пред извесно време Турчинот Атила Бијен Јалили кој работи како бизнисмен во Унгарија стана сопственик на 85 проценти од акциите на Вардар и го доби управувачкиот пакет на клубот. Во меѓувреме „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) се обиде да се втурне подлабоко во истражување за тоа кој навистина е новиот сопственик на македонскиот клуб.
Тоа што можеше веднаш да се види на интернет е дека новиот сопственик на Вардар е Атила Бијен Јалили, бизнисмен кој е генерален директор на унгарската компанија за производство на електрична енергија „Сол Сервисес“.
„Сол Севисес“ е компанија која е во сопственост на турскиот гигант „Полат холдинг“, РСЕ оттука смета дека вистинскиот сопственик на Вардар е 71-годишниот турски милијардер, Аднан Полат кој е поранешен претседател на Галатасарај.
„Полат холдинг“ во Македонија е присутен и преку други бизниси, некои од нив поврзани и со производство на медицински канабис.