Русија им кажува на своите војници дека војната мора да заврши до 9 мај, денот кога Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во исто време, британското Министерство за одбрана во својот последен извештај наведува дека борбените сили на Украина извршиле напади врз цели со посебна важност во областите кои моментално ги држат Русите.

Според Министерството, некои од целите вклучуваат десантни брод и складишта за муниција во Бердјанск, пристанишен град на југоисток.

Исто така, се истакнува дека Украина продолжила со ракетирање на логистички цели во областите под контрола на Русија, и дека тоа значи оти руската војска ќе мора да размислува за одбрана на својот синџир за снабдување.