Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење, вели портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс.

Портпаролот Песков изјави дека никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања уште се планира.

За нуклеарното оружје, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека самиот руски претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден, без да наведе докази.