Руското Министерство за одбрана објави видео од успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ на космодромот Плесецк, која ја анрекуваат и Сотона 2. Се наведува дека ракетата може да уништи подрачје со големина на Франција или пак американската држава Тексас.

– Задачите за лансирање се завршени. Дизајнерските карактеристики беа потврдени во сите фази од неговиот лет. Боевите глави за обука пристигнаа во одредена област на полигонот Кура на полуостровот Камчатка“, забележува агенцијата РИА.

Според медиумот ова е прво лансирање во државната програма за тестирање на овој тип оружје.

Како што наведуваат медиумите перспективниот стратешки ракетен систем „Сармат“ во иднина ќе стане темелот на нуклеарниот штит на Русија. Ова го изјави неодамна шефот на државната корпорација „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин, соопшти агенцијата „Интерфакс“.

Шефот на државната корпорација го окарактеризира „Сармат“ како темел на безбедноста на идните генерации. Според него, овој систем ќе ја обезбедува одбраната на земјата најмалку 30-40 години. Рогозин го истакна „уникатниот“ дострел и брзината на полетување на ракетата.

Тоа ќе му овозможи на „Сармат“ да го совлада секој систем за противракетна одбрана, смета тој.

Спорд „РБ“ перспективниот стратешки ракетен систем со силосно базирање „Сармат“ треба да ги замени советските ракети Р-36М2 „Воевода“. Системот содржи повеќестепена интерконтинентална балистичка ракета на течно гориво. Особеноста на овој систем ќе бидат начините за доставување на боевата глава до целта, што ќе овозможи ефикасно да се заобиколуваат средствата за противракетна одбрана.

Ракетата „Сармат“ тежи повеќе од сто тони, а според руските медиуми може да уништи област со големина на Тексас или Франција. Може да носи десет тони експлозив или 10 потешки и 15 полесни боеви глави или дури 24 ултразвучни проектили.

Покрај тоа, има технологија за избегнување радар и домет од над 10.000 километри. Ќе се движи со брзина од седум километри во секунда, а товарот што ќе може да го носи е 2.000 пати посилен од атомската бомба фрлена на Хирошима и Нагасаки, напиша еднаш „Индепендент“.