Противпожарно возило и трактор нагазиле на противтенковски мини во близина на украинскиот главен град Киев, при што три лица се повредени, јавуваат украинските медиуми.

– Нема жртви, повредените се хоспитализирани со различен степен на сериозност, соопшто соопшти шефот на главната дирекција на националната полиција во Киевската област, Андриј Небитов.

Тракторист наишол на противтенковска мина во нива кај селото Гоголив. Во инцидентот, Триесет и петгодишно лице се здобило со рани од шрапнели на двете раце и десната надколеница.

Во друг инцидент, спасувачите од Државната служба за итни случаи со противпожарно возило нагазиле на иста таква мина во периферијата на киевската област.

Експлозијата ја разнела кабината на противпожарното возило, две лица се хоспитализирани. Во близина на местото на детонацијата биле пронајдени и неутрализирани уште 5 мини.

Небитов уште еднаш ги потсети жителите на Киев дека сега не е време за губење на будноста.

– Опасноста од мини и други смртоносни „подароци“ на окупаторите останува. Бидете внимателни, избегнувајте шумски патишта, теренски патеки и патишта во областите кои беа под окупација, рече Небитов.

📸

📸