Војната во Украина веќе трае со недели додека светот повикува на смирување на огнот секојдневно.

И додека се објавуваат непрекинато вести за гранатирање на десетици градови и области во Украина, неодамна претседателот Зеленски објави дека бил гранатиран и градот кој го носи истото име како нашиот град Виница.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека руските сили истрелале осум ракети врз градот Виница, целосно уништувајќи го аеродромот во тој град, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Зеленски во видеопорака објавена на Телеграм говореше за руските напади во Украина.

Според неговите зборови, руската Војска извела напад на градот Виница.

Vinnytsia water tower, Ukraine

„На нашиот мирен град Виница извршени се осум ракетни напади. Потполно е уништен аеродромот. Тие продолжуваат да ни ги уништуваат животите и инфраструктурата што ја подигнаа нашите мајки, татковци и дедовци“, рече Зеленски.

Виница инаку се наоѓа околу 260 километри од украинскиот главен град Киев, додека 429 километри од пристаништето Одеса и 369 километри од Лавов, а заедничко помеѓу двата града освен името е и тоа дека важат за мирни каде нема многу голема фреквенција како во главните градови на двете земји.