Препариран алигатор, перики, личен хеликоптер и складиште за оружје затекнале руските безбедносни служби при вчерашната рација на еден од имотите на првиот Вагнеровец Евгениј Пригожин во Санкт Петербург.

Во неговата канцеларија биле најдени и кутии полни со рубли, чија вредност се проценува на околу 6,5 милиони долари. Сомнежот дека Пригожин воопшто не останал во Белорусија се отвори минатата недела кога низ медиумите излезе информација дека два авиони полетале од Белорусија кон Русија, а на еден од нив бил Евгениј. И белорускиот лидер потврди дека Пригожин повеќе не е во Белорусија, туку се наоѓа во Санкт Петербург, додека пак борците се во нивните кампови, изјави Александар Лукашенко.

Литванија и другите членки на НАТО, Летонија и Полска се сè позагрижени за опасноста што се доближува до нивните граници. Земјите од поранешниот советски блок стравуваат дека растечкото влијание на Русија во Белорусија што на крајот може да се искористи против нив, исто така енигма е кој ги контолира платениците на Вангер.

„Не знаеме кој ги контролира и кој ќе ги контролира, но ако замислиме дека Лукашенко ги контролира, очигледно тие може да се искористат во нападите против границите на НАТО. Лукашенко вооружи илегални мигранти во обид да ги нападне границите на Латвија, Литванија и Полска и затоа можам лесно да замислам дека ним ќе им се придружат членовите на Вагнер за таа цел.“, вели Павел Слункин, Советник за надворешни односи во Европски совет.

Меѓу време во текот на ноќта целата територија на Ураина беше цел на широки воздушни напади и крстосувачки ракети, најдраматично е во украинскиот град Лавов.

Најмалку четири лица загинаа, а деветмина се ранети, објави украиниското минитсерство за надворешни работи. Градоначалникот на лавов во објава на телеграм посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда. Околу 60 станови и 50 автомобили, биле уништени во рускиот напад, додека пак итната помош бара изчезнати лица под урнатините.