Руското Министерство за одбрана соопшти дека Воздухопловните сили ги здружиле силите со руските војници кај аеродромот Гостомел. Киев е блокиран од западниот правец.

– Во операцијата беа вклучени повеќе од 200 руски хеликоптери. Успехот на слетувањето беше обезбеден со сузбивање на целиот систем за противвоздушна одбрана во областа за слетување, целосна изолација на борбеното подрачје од воздух. За време на заземањето на аеродромот, беа убиени повеќе од 200 националисти од специјалните единици на Украина, пренесува руското интернет-издание rusvesna.su повикувајќи се на извори од руското Министерство за одбрана.

Според истиот извор, нема загуби во руските вооружени сили.

– Руската војска нема да напаѓа на станбените области на Киев, нагласи Министерството за одбрана.