Неколку часа по одлуката за ослободување на грчкиот полицаец со мерка за претпазливост забрана за напуштање на државата, мајката на 17 годишното момче со ромско потекло кое беше смрто застрелано од тој полицаец, не можеше да го задржи гневот.

– Зошто беше ослободен убиецот на моето дете? Дали би сакал тоа да му се направи на неговото дете? Работеше и одеше на училиште, изјави грчките медиуми мајката на 17-годишното момче.

– Сакам да го убијат. Кој ќе ми го врати детето?, додава таа.

Роднина на 17 годишното момче кое беше убиено од полицаецот, вели дека секогаш го советувала да не вози и се расправала со него за тоа.

Ми рече „Морам да возам за да одам на работа“. Тој бил принуден од 15-годишна возраст, кога починал неговиот татко, да оди на работа за да му помогне на остатокот од неговото семејство. Овој полицаец одзел живот, без ништо да провери. Ова дете не се враќа“.

Полицаецот го застрелал момчето во се уште неразјаснети околности.