Сања Вучиќ, главниот вокал на бендот Hurricane, објави снимка пред и после шминкањето која предизвика лавина бурни реакции.

Во првото видео Сања е без шминка, природна и насмеана, каква што е. На второто е нашминкана.

Таа на својот Инстаграм објави само фотографии на кои е целосно дотерана со коментар: „Purple rain“, очигледно алудирајќи на ненадминливиот евергрин на пејачот Принс. Имено, таа на фотографијата се појави во виолетова кожна јакна.

Но, на заедничкиот Инстаграм профил на групата „Хјурикејн“, Сања објави видеа „пред“ и „после“ и го запали интернетот. Во првото видео таа е во бел дуксер, тоа наиде на бројни негативни реакции, иако ова не е прв пат да позира без шминка. Сепак, не помина подобро ни видеото во кое таа се појави во издание типично за настапите на популарната група. Многумина и замеруваа што претерала бидејќи не личи на себе.

– Страшно. Таа е толку убава девојка без шминка, а шминкерите прават да биде… како травестит – напишала една корисничка, која очигледно ја поддржува природната убавина на Сања.

– Комбинација на „алкос-нарко“, а потоа шминка за да се покрие тој… запад – гласи уште еден од злонамерните коментари.

View this post on Instagram

A post shared by @_hurricane_3