Сара Јовановиќ предизвика бурни реакции на Инстаграм

Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, мораше да оди на итна операција во март годинава. Сара потоа проговори од болницата и со солзи изјави дека „научила важна лекција на 30 години“, по што следеа бројни пораки од следбениците и желби за брзо закрепнување.

Последните објави на Сара сега се многу поубави – таа е на одмор со другарките, а покрај сликите на кои девојките одат на заеднички ручек и поминуваат време на плажа, големо внимание привлекоа и низа фотографии на кои се вели дека „малку се раширила“.

„Дали Сара ставила некое килце?“, „Леле каква промена и со 10 кг повеќе би те посакувал“, „Убава како и секогаш“ „Сара Јо е една“, се само некои од коментарите на објавите на Сара.