Ниту еден од натпреварувачите не испадна во полуфиналето од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое се емитуваше вечерва.
Иако требаше да испаднат четворица натпреварувачи и во главното финале да се пласираат вкупно 16 натпреварувачи, сепак организаторот и директор на Гранд, Саша Попович одлучи никој да не испадне и сите 20 натпреварувачи да се најдат во големото финале кое ќе се одржи следната сабота.
Од македонските натпреварувачи, пласман во финалето обезбедија Андријана Петрушовска од Скопје, Мики Секуловски од Велес и Мелиса Зијадик од прилепско Лажани.